Директни странски инвестиции од речиси 147 милиони евра, е најновата инвестициска слика за првите пет месеци од годинава. Народна банка на Македонија денеска ги објави најновите податоци според кои само во мај во земјава биле вложени околу 34 милиони евра. Од вкупно 146,5 милиони евра странски инвестиции во перидот јануари - мај годинава, на сопственички капитал и реинвестирана добивка отпаѓаат 52,1 милиони евра. Додека, пак, во рангот на должнички инструменти влегуваат 94,4 милиони евра. Притоа, во нив како вложувања на директниот инвеститор во претпријатието во кое се инвестира отпаѓаат 101,4 милиони евра, повратните вложувања се минус 3,5 милиони, а кај вложувањата помеѓу хоризонтални поврзани претпријатија бил евидентиран минус од 10,5 милиони евра.
Директни странски инвестиции од речиси 147 милиони евра, е најновата инвестициска слика за првите пет месеци од годинава. Народна банка на Македонија денеска ги објави најновите податоци според кои само во мај во земјава биле вложени околу 34 милиони евра.
Од вкупно 146,5 милиони евра странски инвестиции во перидот јануари - мај годинава, на сопственички капитал и реинвестирана добивка отпаѓаат 52,1 милиони евра. Додека, пак, во рангот на должнички инструменти влегуваат 94,4 милиони евра. Притоа, во нив како вложувања на директниот инвеститор во претпријатието во кое се инвестира отпаѓаат 101,4 милиони евра, повратните вложувања се минус 3,5 милиони, а кај вложувањата помеѓу хоризонтални поврзани претпријатија бил евидентиран минус од 10,5 милиони евра.
Како се движеле инвестициите по месеци годинава? Јануари почнал малку поскромно, со влезен странски капитал во земјава од 21,4 милиони евра, а февруари веќе е подобар со 32,1 милиони евра. Најдобар досега во текот на оваа година е март, со вложени близу 40 милиони евра, по што во април следуваат инвестиции од 20 милиони евра, а мај повторно носи подобрување, односно 33,7 милиони евра.
Инвестициската слика во првите пет месеци од годинава е поуспешна од истиот период лани, кога во земјава влегле 95 милиони евра. Тоа значи дека инвестициите пораснале за 54,2 отсто во однос на истиот период минатата година.
НБМ речиси секој месец ги ревидира податоците за странските инвестиции кои се влезени во земјава во текот на изминатите месеци, а новите бројки главно се поместуваат по нагорна линија.
За оваа година Владата очекува странски директни инвестиции од над 300 милиони евра. Минатата година, според податоците на централната банка, Македонија ја завршила со странски директни инвестиции од близу 269 милиони евра, што, пак, е значајно подобрување во однос на сумата на СДИ во 2012 година, од 111 милиони евра. Оваа бројка е ревидирана во споредба со минатиот месец, кога стоеше дека во 2012 година имало 72 милиони евра СДИ. Една од подобрите инвестициски години беше 2011 година со влез од 344 милиони евра, а 2007 и 2008 година донесоа инвестиции од 500, односно 400 милиони евра.
Според најавите на Владата, годинава се очекува да биде една од подобрите на планот на инвестициите. Во економските зони се најавени над 20 инвеститори до крајот на годинава.